Агентот Жорже Мендеш му го понудил на раководството на Јувентус голманот Давид Де Хеа од Манчестер Јунајтед, пренесува catchoffside.com. Ова се случи за време на состанок во саботата.
Де Хеа е стара мета за водечките европски клубови, вклучувајќи го и Јувентус, а сегашната позиција на Манчестер Јунајтед во англиското првенство може да го убеди Шпанецот да си замине.
Ако тоа се случи и Јуве го привлече, тогаш италијанскиот гигант сигурно ќе се раздели со сегашниот голман Војчех Шчесни.
Де Хеа прими 10 гола на 12 натпревари за Јунајтед оваа сезона, а Шчесни има 9 на 11 натпревари.