Тренерот на Леганес, Хавиер Агире откри кога шпанската лига ќе продолжи.

– Веќе имаме датум за продолжување на првенството. Ла Лига ќе започне повторно на 20 јуни, а првенството ќе заврши за пет недели – на 26 јули. Натпреварите ќе се одржат во сабота и недела, како и во среда и четврток. Ла Лига штотуку официјално ме извести. Јас сум многу среќен затоа што веќе планиравме тренинзи. Сите играчи веќе ги поминаа тестовите, изјави Агире за „Марка“.

Напаѓачот на Реал, Лукас Васкез, исто така, изрази задоволство од претстојното продолжување на првенството.

– Ќе биде добро за луѓето и целото општество. Нема да мислиме за вирусот два часа. Фудбалот носи среќа, рече Васкез.