Според првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, Србите, Бугарите и Грците ќе ги проголтаат Македонците ако не се во добри односи со Албанците.  Вели дека Македонија ќе оди напред само со добри односи меѓу Македонците и Албанците.

Порача дека не треба да се гази легитимноста и да се прави мајоризација на Албанците.

„Македонците како народ, нација, може да напредуваат само во комуникација и усогласеност и во добри односи со Албанците. Инаку, ќе ги проголтаат Србите, Бугарите и Грците. Ова не ви го велам само на вас, туку и на сите други македонски политички претставници. Со соживот, со соработка можеме да ги зачуваме историјата, идентитетот, може да го зачуваат нивниот национален идентитет, инаку нивната судбина е воопшто да не постојат“, изјави Ахмети.