Лидерот на ДУИ Али Ахмети информираше дека денеска во Скопје имал средба со лидерот на БЕСА, Билал Касами, откако претходно двајцата имале телефонски разговор.

„Со Касами го поздравивме завршувањето на предвремените парламентарни избори на 15 јули и заеднички ја прифативме позитивната оценка на меѓународната заедница, а особено ОБСЕ. За време на конструктивниот состанок, се согласивме да продолжиме со напорите за евроатлантскиот пат на земјата, како и на долгоочекуваните реформи кон владеење на правото, преку отворен и постојан дијалог“, напиша Ахмети на ФБ.

Покрај тоа, Ахмети се осврна и на опозициските партии на Албанците, со кои изразува надел дека ќе има работни состаноци во, како што вели, интерес на граѓаните на нашата земја.