Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 откри дека потпишале договор според кој нема да има Влада со партија која е против Уставни промени.
„Договорот е потпишан…Помеѓу АА, ДПА, БЕСА и Алтернатива. Ако не грешам, да, Алтернатива беше..“, вели Ахмети.
Според него овој договор бил потпишан пред месец и половина, кога кај него го донел тогашниот министер за администрација Азир Алиу. Беше потпишан само од д-р Таравари како претседател на Алијанса. Потпишав… Да, веднаш. Се пожали Азир Алиу дека му создаваат проблеми, заборавив и партијата на Изет. Движењето за промени. Дека му создаваат другите партии, зошто ДУИ тука, зошто таму, треба да биде на крај, тој рекол дека го направил со азбука, ако има друга формула…“, вели Ахмети.
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети вечерва од студиото на ТВ21 порача дека првата задача на идното Собрание се уставните измени.
Во однос на импровизираната седница на која изгласаа уставни измени, назначен беше и претседател на Собранието, како и изгласан Бујар Османи за претседател, Ахмети вели дека тоа не било провокација туку порака за тоа какви задачи го чекаат идното Собрание