Лидерот на ДУИ Али Ахмети се закани дека сите Албанци ќе се кренат на нозе ако се чепне албанскиот јазик и порача дека по никоја цена нема да толерираат да се уништат достигнувањата што ги постигнале со многу крв. Воинствената реторика и притисокот на Ахмети кон власта и судството се засилува како што се наближува тајмингот кога Уставниот суд треба да одлучи за неколку оспорени одредби од Законот за јазиците. Премиерот Христијан Мицкоски не верува дека Ахмети може да ги спроведе заканите но, како што вели, е загрижен дека лидерот на ДУИ продолжува да биде фактор на нестабилност.

– Ако се допре албанскиот јазик, сите Албанци ќе се кренат на нозе – порача Ахмети од собирот со граѓаните на Шуто Оризари.

Од партијата соопштија дека разговарале за понижувањата на Албанците од актуелната власт.

„Вечерва на средбата со народот разговаравме за понижувањата, отпуштањата на Албанците, обидите за укинување на албанскиот јазик, балансерот и поништувањето на сите достигнувања на Албанците пред очите на прекршителите на волјата на Албанците од Вреди. Но, лидерот Али Ахмети ги увери членовите, симпатизерите и граѓаните дека по никоја цена нема да толерираат уништување на достигнувањата постигнати со многу жртви велат од ДУИ“, соопшти ДУИ.

ДУИ ја предупредува власта дека ќе ѝ се случи народ ако продолжат „провокациите“ кон Албанците и дека што ѝ да се случи, одговорноста ќе биде на власта. Интегративците го обвинија премиерот и дека ја злоупотребува функцијата за да ѝ се заканува на опозицијата и дека се замислува дека е обвинител.