Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска во Тетово изјави дека уставните измени, со кои треба да се внесат Бугарите во македонскиот Устав, ќе се случат „за два-три месеци“ и дека тие „мора да се направат“.
Тој рече: „Уставните измени отвораат можност за успешен почеток за отворањето на преговорите и првото поглавје за членство во ЕУ. И овој ден не е далеку, бидејќи во ноември ќе се одржи средбата на двете влади, таа на Европа и нашата земја“.
Но, уставните измени мора да се направат бидејќи тоа е задолжителен респектабилен договор. Ова ќе се случи за два-три месеци, но мора да се случи, бидејќи тоа е во интерес на граѓаните на оваа држава. Тоа е заедничка мисија на сите нас бидејќи доброто што ќе дојде нема да дојде само за Албанците, туку за сите граѓани. Мора да направиме ветинг, почнувајќи од политичарите, извршната власт, градоначалниците бидејќи тоа е за доброто на државата. Оваа проверка треба да ја направат странски специјалисти, бидејќи кредибилитетот може да се оспори. Потребни ни се проверени судство и политичари, за да се има доверба во развојот на процесот“, рече Ахмети на партиска средба со граѓани и стопанственици во Тетово.