Лидерот на ДУИ вели дека правдата може да биде задоцнета, но секогаш доаѓа и оти Тачи и останатите поранешни водачи на ОВК ќе бидат пречекани како победници

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска го посетил семејството на поранешниот претседател на Косово и еден од водачите на ОВК, Хашим Тачи, кому му се суди пред Специјалниот суд во Хаг за воени злосторства.

За ова Ахмети се пофали на социјалните мрежи и порача Тачи и неговите пријатели го бранат достоинството на ОВК и како победници ќе се вратат во својата земја.

„Денеска го посетив семејниот дом на мојот пријател и поранешен претседател на Косово Хашим Тачи за да им дадам поддршка и сила на неговите родители и роднини во битката за правда. Правдата може да биде одложена, но никогаш не е заборавена“, вели Ахмети во дел од објавата, додавајќи дека со гордост ќе го пречекаат Тачи кога ќе се врати како победник.

Покрај на Тачи, во Хаг им се суди и на други поранешни водачи на ОВК: Кадрије Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи.