Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во вечерашното гостување на ТВ 21 прашан за условите во неговото родно село Зајас и за тоа што се уште нема канализација, рече дека луѓето секогаш се бореле за слобода и за права, а не за канализации.

-Зошто не одите да ги прашувате тие што ги влечкаат работите, туку ме прашувате мене! Тоа се прави со средства од ЕУ и се појавуваат технички проблеми. Ова беше се за Зајас. Секако дека проблем е и отпадот, и тоа сериозен проблем, како што е и канализацијата. Двете прашања се проблем кои бараат решение. За тоа не се потребни изјави ниту соопштенија туку потребни се практични и прагматични решенија. И двете прашања како процес се во тек и се надевам ќе завршат. Тоа е проблем кој бара решение и не само во Зајас, туку во сите општини, продолжи Ахмети.

За тоа колку е цената на прехранбените продукти, тој одоговори дека нема поим и дека треба ја прашаат неговата сопругата. Исто одговори и на прашањето колку е богат: Прашајте ги банките, се е легално.