Од пазарот се повлекува јогурт „Баланс+“ во пакување од 1 литар, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
Причините се неусогласена концентрација на афлатоксини со македонските прописи, поради што овој производ е потенцијален ризик по здравјето на луѓето.
Дополнително, количества што се повлекуваат не биле наменети за македонскиот пазар. Се повлекуваат пакувањата со рок на употреба до 28 ноември. Потрошувачите кои го имаат купено јогуртот со сериски број 28.11.22 да не го консумираат и да го вратат на местото од каде го купиле, порачуваат од АХВ.