Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) потврди два случаја на птичји грип кај угинати диви птици во Скопје. Агенцијата апелира до граѓаните, доколку пронајдат угината дива птица, да ја пријават кај надлежните.
Истакнуваат дека птичјиот грип не претставува сериозна закана за луѓето, но апелира на внимателност и заштитни мерки за оние кои се изложени на ризик од контакт со заразени птици.
Агенцијата ги потсетува одгледувачите на живина да ги пријават сите промени во здравствената состојба на живината или зголемена смртност до официјален ветеринар, како и да применуваат биосигурносни мерки во сите активности во одгледувалиштата.