Во рамки на засилените контроли на граничните премини, официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), на граничниот премин Ќафасан, навремено реагираа и одбија пратка од над 10 тони јагнешка кожа по потекло од Република Албанија, која требала да транзитира низ нашава држава.
Пратката е вратена согласно донесените превентивни мерки за заштита од ширење на болеста Чума кај мали преживари која е присутна во соседна Албанија.
-Со оваа одлука, АХВ уште еднаш покажа високо ниво на професионалност и подготвеност за навремена превенција од потенцијални здравствени ризици. Со оваа активност, АХВ уште еднаш ја потврди својата клучна улога како чувар на јавното здравје, безбедноста на храната и заштитата на домашното производство, велат од Агенцијата.




