Македонскиот бенд „Ај Кју“ ја преработи песната на фолк пејачката Виолета Томовска „Молитва“. Музиката и текстот се на Миле и Ѓорѓи Барбаровски, додека аранжманот е на Роберт Билбилов, во чие студио и ја снимија песната.
„Некои песни се предодредени да бидат безвременски, а нас ни претставува голема чест да го продолжиме животот на „Молитва“, да создадеме печат на новото време и да ја запознаеме новата генерација со оваа наша изведба“, рекоа Марија и Бојан од „Ај Кју“.