Холандски Ајакс на феноменален начин го одбележа доаѓањето на своето прво засилување за следната сезона.

Договор потпиша голманот Кјел Шерпен кој мораше да исполни еден услов.

Тој дојде од Емен и мораше 100 пати да напише „Ајакс е најдобар клуб во Холандија“, бидејќи е голем навиивач на ривалот Феенорд.

Шерпен својата казна во стил на Барт Симпсон ја изврши под будното око на челникот на Ајакс, Марк Овермарс и Едвин ван дер Сар.