Српскиот офанзивен халф на Ајакс, Душан Тадиќ постигна нешто импресивно синоќа.
Триесетгодишниот играч го постигна третиот гол (за 0:3 во 62-тата минута) за гигантот од Амстердам при победата со 4:1 на Холанѓаните среде „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид во Лигата на Шампионите.
Така Тадиќ стана вториот фудбалер во историјата на Ајакс со најмалку 6 гола во Лигата на шампионите во рамките на една сезона. Првиот е финската легенда на клубот Јари Литманен кој го постигнува тоа двапати (1994/95 и 1995/96).
Сепак, Тадиќ не само што се пријави со гол, туку и забележа две асистенции. Така тој израмни достигнување на уште еден поранешен играч на Ајакс – Данецот Кристијан Ериксен, кој во моментов го носи дресот на Тотенхем. Србинот стана првиот фудбалер на холандскиот клуб со 2 асистенции во еден натпревар од Лигата на шампионите, откако Ериксен направи нешто слично во ноември 2011 година против Динамо (Загреб).
Мадрид пак очигледно се покажува среќно место за Ајакс, бидејќи претходниот пат кога Холанѓаните освоиле елиминациски судир во Лигата на Шампионите по реванш далеку од дома е во март 1997 година, токму во шпанската престолнина – против Атлетико Мадрид.