Премиерот Зоран Заев денеска даде свој коментар по изјавата на Слави Трифонов, лидерот на партијата која победи на изборите во Бугарија, дека во “вселената ќе прати двајца Бугари и еден северномакедонец“.
Очигледно дека станавме предмет на општ мајтап, па ете и шоуменот Трифонов си игра играчки со нас.
„Ние сме Македонци и секој друг назив повредува. Така е и со нашите браќа, кои се Бугари и очекувам да се корегираат во ваквите изјави. На сите ни е должност да градиме пријателство и нашите односи да бидат најдобри“, истакна Заев.
Не е јасно тогаш зошто Заев им се извинуваше на Грците за „македонска репрезентација“ откако тие го искараа заради твитот со таква фпрмулација за време на ЕП во фудбал!