Вардар ја совлада Македонија ЃП со минимални 1:0 на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари во рамки на третото коло од Првата македонска фудбалска лига.
Стрелец на единствениот погодок беше Тигран Барсегјан во 41-та минута, кој со гол од пенал му донесе победа на Вардар.
Во останатите натпревари од колото, Академија Пандев со 1:0 го совлада Шкупи во Турново.
Победата на домаќините им ја донесе Диме Димов во 21-та минута со удар со глава.
Работнички ја совлада Победа со 0:2 на „Тумбе Кафе“ во Битола. Во петтата минута Остоја Стјепановиќ реализираше пенал за водство на Работнички, а Петар Петковски во 60-та минута беше прецизен и ја потврди победата.
Силекс ја победи Ренова со 1:0 во Кратово, a Димитар Иванов во 86-та минута им jа донесе победа на домаќините.
Македонскиот првак Шкендија утре ќе го пречека новиот прволигаш Беласица во Тетово.
Академија Пандев е најголемото изненадување на стартот на новата сезона во Првата лига, откако ја забележа и третата победа и со максимални девет бодoви се наоѓа на врвот на табелата во македонскиот шампионат. Вардар со седум бодови се наоѓа на втората позиција