Екипата на Академија Пандев се врати на првото место на табелата во Првата македонска фудбалска лига, откако попладнево во Битола ја совлада Победа од Прилеп со 4:2.
Значаен триумф (2:1) со гол постигнат во последните секунди на мечот во Кратово против домаќинот Силекс забележа и бранителот на трофејот Шкендија.
Гостински бодови освои и Беласица против Ренова со победата од 2:0.
Честа на домашните екипи во 6.прволигашка рунда ја спаси Шкупи кој ја совлада Македонија ЃП со 2:1.
Вчера Работнички – Вардар 0:2.
Води Академија Пандев со 15 бода, пред Шкендија и Вардар кои собраа по 14. По нив следуваат: Работнички 9, Победа 8, Шкупи 5, Силекс 5, Беласица 5, Ренова 4 и Македонија ЃП 3