Македонските екипи Академија Пандев, Шкупи и Македонија Ѓорче Петров ги дознаа своите потенцијални противници во квалификациите за Лига Европа пред утрешната ждрепка во Нион.
Македонските клубови не се меѓу носителите во ждрепката.
Академија Пандев во групата 5 ќе се соочи со некој од следните клубови: Фехервар (Унгарија), Зрињски (Босна и Херцеговина), Шахтјор Солигорск (Белорусија), Нефчи (Азербејџан) и Левски Софија (Бугарија).
Македонија ЃП пак ќе го почне со дуел со некој од Спартак Трнава (Словачка), Жалгирис Вилниус (Литванија), Фола Еш (Луксембург), Алашкерт (Ерменија) или Олимпија Љубљана (Словенија).
Шкупи за потенцијални противници ќе ги има Хапоел Бер-Шева (Израел), АЕК Ларнака (Кипар), Домжале (Словенија), Пјуник (Ерменија), Сабаил (Азербејџан) или Будуќност Подгорица (Црна Гора).