Имаме една академија за сите, порачува академик Алајдин Абази, кој е актуелен потпретседател на МАНУ, по најавата на коалицијата Вреди за формирање албанска академија на науки и уметности во Македонија.
Академикот Абази, кој е еден од двајцата актуелни потпретседатели на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), вели дека не може да има две национални академии на науки и уметности.
-Според принципите, не може да има две национални академии на науките и уметностите, не може општините да ја финансираат академијата како што се предлага. Имаме една Академија за сите, вели академик Абази.