Полициски службеници од СВР Велес – Полициска станица Неготино вчера во 15 часот го лишиле од слобода Р.А.(44) од село Пепелиште, неготинско, во чиј дом и помошни простории при претрес извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени 19 стебла од растението канабис со висина од 1,5 до 2 метри, една вреќа со лисја од канабис сатива и едно ќесе со лисја од канабис сатива.

Како што информира денеска МВР, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.