Во новата акција на грчката полиција за празнење на објекти што се под опсада во центарот на Атина, утрово беа пронајдени 269 бегалци и мигранти, меѓу кои 98 деца, јави МИА од Атина.
Акцијата заврши без проблеми, а беше спроведена во два објекти што беа под опсада од 2016 година.
Како што соопштуваат од грчката полиција, во едниот објект биле пронајдени 90 лица од кои 36 деца, а едно лице било уапсено за поседување ножеви.
Во вториот објект имало 179 лица, меѓу кои 62 деца, а полицијата пронашла и два пиштоли за кои треба да провери дали се функционални или се реплика.
Пронајдените бегалци и мигранти со автобуси биле однесени во Дирекцијата за странски државјани за дополнителна проверка на нивните документи.