Ако биде елиминирана од Салцбург, Шкендија за ЛЕ ќе игра со Корк Сити или Розенборг

/ 06.08.2018

Во случај на елиминација од Салцбург во третата рунда од квалификациите за Лигата на шампионите, македонскиот фудбалски првак Шкендија ќе има уште една шанса да остане на евро-сцената.

Тетовци, тогаш ќе играат против подобриот од дуелот Корк Сити (Република Ирска) – Розенборг (Норвешка) во обид да изборат учество во групната фаза од Лига Европа.

На првиот меч Шкендија би гостувала на 23 август, а седум дена подоцна во реваншот ќе биде домаќин во Скопје.

Вака одлучи вториот дел од денешната жрепка во Нион, Швајцарија.

За потсетување, во случај Шкендија да го елиминира Салцбург, во плеј-офот за ЛШ ќе игра со подобриот од мечот Црвена Ѕвезда (Србија) – Спартак Трнава (Словачка) .


Од истата категорија