СДС наместо да пишува соопштенија полни со лаги и манипулации, нека си ги решат прво проблемите во својот двор, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

И ако е толку очајна ситуацијата како што СДС вели преку своите гласила, тогаш нека се осмели да закаже избори, па тогаш ќе видат колку поразени ќе бидат.

Вознемиреноста на СДС секој ден се воочува и е се поочигледна.

Јасно може да се воочи дека СДС е највознемирена поради две работи, првата е пропаста на стратегијата и кампањата дека Груевски ја води ВМРО-ДПМНЕ, a втората е дека пропаѓа оската ДУИ-СДС и делови од опозицијата за уставни измени.

Крајот на власта се ближи!, се вели во соопштението на опозиционата партијата.