Ако оваа зима наместо гас за греење се користи мазут, ќе настане вистинска еколошка катастрофа.

И дел од експертската јавноста на иста линија со регулаторната комисија за енергетика. Велат, Градот Скопје во текот на зимата  и онака е со висок степен на загаденост и ако дојде до ситуација да се користи овој енергенс тоа ќе биде страшно.

„Топланите се во населени места, а не  надвор од градот. Околу топланата Запад во Тафталиџе има училишта,  има деца,  но и  тука постојано има ветар и кога ќе испуштаат штетни материи, дирекно не само децата туку и целото населние ќе ги дишат. Исто е и со Топланата Исток која е во близина на Аеродром, но не се засеганти само жителите околу овие  топланите туку ќе биде штетно за  целото население. Затоа по секоја цена треба да се избегне  мазутот за греење и да се користи гас, затоа што тоа ќе биде еколошка катастрофа“ – вели за Телма Ристо Цицонков, универзитетски професор

Вчера и од РКЕ апелираа до властите да се обезбеди гас за престојната грејна сезона и да не се користи мазутот поради тоа што е еколошки лош, а заштедите  би биле  мали.

Но планот на  Владата е  ако  нема доволно гас, топланите да користат алтернативно гориво.

Од први август граѓаните ќе имаат и нова повисока цена на парното за 14,18 отсто.

Со ова зголемување од почетокот на годинава до сега парното е поскапено за речиси 30 отсто, се вели во прилогот на ТВ Телма.