Семките од тиква уште одамна се познати како доста здрава храна. Најпрво, семките од тиква содржат микроелементи на цинк, кој е од особено значење за здравјето на мажите. Покрај тоа, содржат и витамин Е, кој е природен антиоксиданс. Семките од тиква се доста добар извор на минералите на фосфор, магнезиум, манган, и железо.
Семките од тиква и здравјето
Околу 60 грама семки од тиква содржат скоро половина од препорачаната дневна количина на магнезиум, што учествува во широкиот спектар на витално важните физиолошки функции, вклучувајќи ги создавањето на ATP (аденозин трифосфор, енергетски молекули), синтезата на РНК и ДНК, работата на срцето, за коските и забите, ги релаксираат крвните садови и осигуруваат правилна работа на цревата. Семките од тиква се богат извор на цинк, што е важно за имунитетот, растот и делбата на клетките, сонот, расположението, сетилото за вкус и мирис, здравјето на очите и кожата, регулација на лачењето на инулин и за машката сексуална функција. Семките од тиква се еден од најдобрите извори на омега-3 масна киселина која е доста значајна за здравјето.