Триесет до 50 отсто од вработените во македонските компании ќе останат дома идната година ако Владата не најде начин како да му помогне на стопанството. Стопанската комора алармира дека е веќе доцна да се чека за утре и мерки мора да има што поскоро .
Бизнисот , половина година ги повторува своите барања, а вчера, уште еднаш на маса ги ставиле пред владиниот тим на социјално – економскиот совет, ама Владата сега повторно ги анализира и допрецизира. Клуч на врата не им се заканува само на компаниите, кои се снабдуваат со струја на слободниот пазар, туку и на компаниите, кои се на регулираниот пазар. Од комората бараат субвенционирање на цената на електричната енергија, максимизирање на производството на струја, вишоците да им се понудат по производната цена, да се намали ДДВ – то за електрична енергија , а компаниите на слободен пазар да добијат базна цена.
Кризниот штаб посетува дека е клучна брзината за функционирање на компаниите, доцна е да се чека за утре . Состојбата е тешка и компаниите не само на слободен туку и останатите кои се на регулиран пазар бараат поддршка. Упатуваме порака за вложување напори следната недела се дека ке следат првиот пакет мерки . Што поскоро да следат мерките, компаниите чекаат поддршка, рече Јелисавета Георгиева која е шеф на кризниот штаб.
Не само стопанската комора, и експертите алармираат дека владата многу доцни со носење на мерки. Доколку се остават компаниите сами на себе ќе се соочиме со намален економски раст бидејќи ќе следат отпуштања и намалено производство, а тоа ќе резултира и со зголемена инфлација. Дополнително, компанииите кои ќе бидат приморани да затворат, многу тешко ќе може да се вратат на пазарот . Владата да скрати од непродуктивните трошоци и да почне да штеди за да има пари во Буџетот кои ќе се користат за граѓаните и стопанството.
Се плашам дека стопанството ќе биде ранливо и е ранливо. Се плашам дека ќе влеземе во ситуација на слаба економска активност, затоа што енергенсите се веќе слаби а ние не можеме да произведеме 80 отсто електрична енертија, ние сме на квотата до 50 отсто, вели аналитичарот Абил Бауш.
Економско – социјално совет во проширена форма по три часа заврши без носење на пакет антикризни мерки кои сите ги чекаат. Конкретни предлози дадоа коморите, синдикатите, експертите , а Владата како и до сега пак анализира и ги остави сите во надеж, дека до идната среда, за кога и е закажан повторно состанок на советот конечно ќе излезе со некаков план со кој ќе се преброди кризата.