Приштина би требало да разгледа привремено укинување на таксите од 100 отсто за стоки од Србија. Тоа го изјави Беким Чолаку, советник на косовскиот претседател Хашим Тачи.

Чолаку смета дека ако САД и Европската унија бараат од Приштина таа мерка да ја укине, зошто тоа не би било разгледано и направено барем на кратко време. Во изјава во емисијата Дебата плус, Чолаку нагласи дека не е доволно да се каже дека Приштина е подготвена за дијалог, туку дека е потребно да почнат и некои акции.

– Конкретно, меѓународната заедница беше многу гласна против воведените такси за производи од Србија, изјаво Чолаку.

– Ако САД и ЕУ ни кажат, ве молиме да разберете дека прашањето за таксите е решено во дијалогот, тогаш мислам дека ако владата сака да продолжи дијалогот, зошто да не разгледа привремена суспензија на тие мерки додека трае дијалогот, на два или три месеци, рече Чолаку.