Добрите луѓе се изложени на поголеми финансиски потешкотии и банкрот, покажува истражување на американски психолози.
Студија објавена во Journal of Personality and Social Psyhology покажува дека луѓе со „топол“ карактер имаат мала заштеда и голем долг од оние кои се тежок карактер и помалку добар персоналитет.
Причина за тоа не е што се слаби преговарачи, како што порано се сметало, туку затоа што парите не им се важни.
Џо Глесстон од Универзитет во Лондон вели дека врската меѓу карактерот и материјалниот статус „покренува факт дека добрите луѓе помалку се грижат за пари и затоа лошо управуваат со нив“.
Научниците до таков заклучок дошле по анализа на податоци за повеќе од три милиони луѓе.
До слични податоци дошле и други студии, а една од никв укажува дека во животот особено добро им оди на луѓе со тежок карактер меѓу 40-та и 60-та година од животот.