Доколку ВМРО-ДПМНЕ собере 150.000 потписи за референдум за преговарачката рамка со ЕУ и бугарските барања, тогаш претседателот на Собранието Талат Џафери, ќе го стави во собраниска процедура. Нема причина да не се следи процедурата, вели тој.

„Ова е хипотетичко прашање. Во секој случај, има Деловник, процедура, прописи, така што јас како претседател на Собранието, пратениците и кој било друг не можам да ја избегнам процедурата што е предуслов, освен ако не се однесувам како што се однесуваат претседателите на комисиите во однос на одредени точки, на пример, оние кои не ги свикуваат седниците. Но, во секој случај ќе ги исполнам сите обврски кои произлегуваат од прописите за работа на Собранието и надлежностите и обврските на претседателот на Парламентот да ја почитува процедурата. Немам причина да не ја почитувам процедурата“, рече Талат Џафери, претседател на Собранието.

Зборувајќи за блокираните закони, Џафери рече дека Собранието сепак работи и ќе работи, подвлекувајќи дека опозицијата не може во целина да ја блокира работата на законодавниот дом., туку само точките кои се во комисиите со кои раководат претставниците на опозицијата.

„Не може да има целосна блокада на Собранието, бидејќи точките што се во комисиите што ги водат може да не се разгледуваат, но другите комисии во кои се разгледуваат точките, секако дека има услови да се разгледуваат на пленарни седници. Според регулативата, пленарната седница е закажана и има почеток и крај на расправата, па Собранието ќе продолжи да работи без прекин“, додаде тој.

Повеќе од 20 закони остануваат блокирани во Собранието. Од мај, ВМРО-ДПМНЕ почна со активна блокада откако власта одби да се разговара за предвремени парламентарни избори.