Шпанскиот мотоциклист Педро Акоста триумфираше во спринт трката на Големата награда на Тајланд, во рамки на шампионатот во МОТО ГП, која се возеше на патеката во Бурирам.
Тоа беше голема битка меѓу Акоста и Марк Маркез, но трофејниот возач на крајот мораше да му го препушти тронот на својот сонародник, кој стана најмладиот победник во спринт-трките во Мото ГП конкуренцијата (21 година и 279 дена).
Двајцата шпански возачи неколку пати се менуваа во водството, а одлучувачкиот момент се случи во самиот финиш, кога по агресивен обид за претекнување дојде до мал контакт. По реакција на судиите, позицијата беше вратена, што му овозможи на Акоста да го освои првото место.
Маркез заврши како второпласиран, додека третото место му припадна на Раул Фернандез.
Со оваа победа, Акоста испрати силна порака на стартот од сезоната и најави дека ќе биде сериозен кандидат за висок пласман во генералниот поредок




