Според информациите кои пристигнаа до нас, пред околу час и половина наш набљудувач беше попречен во вршење на својата должност со употерба на физичка сила, велат од „Аксиос 2017“.

-Имено, станува збор за инцидент кој се случил во селото Бојане. Нашиот активист при обидот да влезе и да го следи изборниот процес, бил физички нападнат од повеќе лица.

Активистот е овластен од страна на Државната изборна комисија непосредно да ги следи Локлните избори 2021. Истиот во моментот кај себе поседувај легитимација и овластување доделени од страна на ДИК.

Бараме итна реакција од институциите, со цел воспоставување на ред и да се запази законитоста на изборниот процес.

Ваквите настани создаваат лош углед за демократијата во нашата земја, а воедно се загрозува уставното право на граѓаните да имаат слободен избор и легитимно право на надзор врз избирачкиот процес, додаваат од Аксиос 2017.