Актерката Јана Стојановска, која во јуни ќе прави свадба во Белград со кошаркарот Андрија Бојиќ, е бремена. Таа вели дека се чувствува одлично и влегува во 12 недела од бременоста. Нејзиниот свршеник, како дете од семејство каде што има повеќе машки деца, посакува ќерка.

„Андрија сака девојче, тие се тројца браќа во семејството, а има и внук од брат му. Црногорска фамилија се. Но, спротивно на тоа, ете мислам дека сите сакаат девојче. Јас, сакам и девојче и машко. Целиот живот сум посакувала девојче, но ете, од пред една година сѐ ме влече на машко“, изјави Јана за „Женски магазин“, ќерка на Силвија и покојниот Ненад Стојановски.

„Силвија е пресреќна, Ана исто“, додаде актерката.

„Со Андрија лично се запознавме на 13 април минатата година. Претходно си имавме разменето по некој збор на Инстаграм, тој тогаш играше во Полска. Слушал македонска музика, евергрини, и изборот на „Јутјуб“ го донел до мојата песна „Празни зборови” што ја пеевме во дует со Влатко Илиевски. Така решил да ми пише, тоа беше некаде декември. Потоа неверојатно, сосема случајно добил „прекоманда“ во МЗТ Скопје во април минатата година. Ми пиша дека е во Скопје и дојде на претстава. И толку беше. Судбинска приказна“ , изјави актерката. За свадбата, таа вели дека сака да биде опуштена забава, а закажана е во белградскиот хотел „Југославија“, следниот месец.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jana Stojanovska (@jana__100janovska_cherenko) on