Актерот Владо Јовановски на својот фејсбук профил објави фотографија за која напиша дека ќе ја постира се додека не му се разјаснат некои работи.
-Од денес па натаму, многу често ќе ја постирам и ширам оваа историска фотографија, направена во поранешната вила на Тито, на која се, режисерот Дарко Митревски, и почитуваната претседателка на Република Македонија, госпоѓата, Гордана Силјановска Давкова!
Ќе ја постирам, се’, додека не ми се разјаснат некои работи!
За сега, толку.
Јовановски упати и јавно прашање до Претседателката Гордана Сиљановска- Давкова.
Прашање до претседателката на Р. Македонија, госпоѓа Гордана Силјановска Давкова.
Почитувана професорке:
Пишувате дека со режисерот Дарко Митревски, сте разговарале за македонските работи.
Сакам да Ве прашам, дали сте ги читале неговите колумни во “Нова Македонија”, под наслов “Нашиот голем фалсификат”?
Ако не сте ги читале, можете да ги најдете на интернет и да фрлите еден опуљ, на нив.
Во нив има “интересни” ставови за “македонските работи”.
Се разбира ако најдете време за тоа, заради Вашата, претпоставувам, набиена претседателска агенда.
Однапред Ви благодарам!
На фејсбук профилот на Претседателката Сиљановска Давкова објавена е фотографија под која пишува:
Со режисерот Дарко Митревски разговарав за македонските работи, за македонската филмографија и култура.
Зборувавме и за вредноста на уметничката дијаспора која без разлика дали работи надвор или дома е најдобар репрезент на македонскиот идентитет и вредности.
Се согласивме дека каде и да творат македонските уметници треба да бидат поддржувани од матичната држава во промоцијата на националните интереси.