Вкупно 20 пожари на отворен простор се евидентирани до 18:00 часот. Под контрола е ставен пожарот во дојранското село Николиќ, а активни се четири пожари: кај велешките села Џидимирци и Крушје, меѓу селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина во општина Македонски Брод, во општина Чучер-Сандево – над црквата „Св.Троица“ кај село Чучер и во кумановското село Пчиња.

Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), изгаснати се 15 пожари, меѓу кои пожарот во скопското село Горњани во општина Чучер Сандево, кај Смилковско Езеро и кај селото Љуботен во општина Гази Баба, кај селата Љубин и Крушопек кон село Лака во општина Сарај.

Изгаснат е пожарот во општина Кисела Вода, на булевар „Борис Трајковски“, каде гореа градежни материјали.

Два пожара се изгаснати во општина Долнени, кај селата Црнилиште и Слепче, во Битола кај населбата Баир.Изгаснати се пожарите и во општините Кичево, Струга, Штип, Пробиштип, Кратово и Теарце.