Ал Каеда и ИСИС ги повикаа своите следбеници да ги нападнат израелските, американските и еврејските цели, предизвикувајќи загриженост за безбедноста ширум светот.
Во изминатите две недели, ограноците на Ал Каеда му честитаа на Хамас за „инвазијата на Израел“, мислејќи на терористичките напади на 7 октомври во кои загинаа 1.400 луѓе, главно цивили, но и повикаа на повеќе напади.
Воената офанзива на Израел во Газа, со хуманитарната криза и 4.500 смртни случаи што ја предизвика, предизвика бес низ исламскиот свет. Ова им понуди можност на екстремистичките групи, пишува Гардијан.
Во неодамнешната изјава на Ал Шабаб, моќниот огранок на Ал Каеда во Сомалија, се вели дека конфликтот на Блискиот Исток не е само „битка на исламските фракции во земјата на Палестина, туку битка на целиот муслимански уммет“.
„Муслиманите мора да се соберат и да понудат се што можат за да ги поддржат муџахедините против Евреите и нивните лицемерни неверни сојузници. Силата на оваа нација лежи во силата на нејзините џихадистички фронтови“, се додава во соопштението.
Други ограноци на Ал Каеда во индискиот потконтинент, Јемен и Сирија објавија слични изјави.