Терористичката група Ал Каеда ги обвини египетските власти дека го убиле поранешниот претседател на Египет, Мохамед Морси.
Исламистички ориентираниот политичар Морси, кој беше првиот демократски избран претседател на Египет, беше соборен од страна на секуларистичките сили во египетската армија во 2013 година, предводени од актуелниот шеф на државата Абдел Фатах ел Сиси. Морси, кој од соборувањето од власта се наоѓаше во затвор, почина на 17 јуни за време на судење во Каиро, како последица на срцев удар.
– Ние не се сомневаме дека тој (Морси) е убиен и дека бил угнетуван и понижуван во затворот, се наведува во соопштението на Ал Каеда, во кое се повикуваат Египќаните да му се спротивстават на актуелниот претседател Ел Сиси.