Претседателот на Пари Сен-Жермен, Насер Ал-Келаифи му честиташе на тимот кој се пласира во финалето во Лигата на шампионите и порача дека одат до крај.
– Ова е историска вечер за клубот. Неверојатно. Горд сум на клубот, ова е наше прво финале. Ова е наш сон, но не можеме да запреме сега, изјави Келаифи за „РМЦ“.
Во полуфиналето, парижаните синоќа во Лисабон го совладаа Лајпциг со 3:0 и изборија финале.
Вториот финалист ќе биде познат вечерва по средбата Лион – Баерн.