Ала Салах стана симбол на слободата на Судан. Ги инспирираше протестите, а нејзините слики и снимки брзо се проширија низ медиумите и социјалните мрежи.
Брзо се дозна дека говорничката качена на автомобилот е Ала Салах, 22-годишна студентка и активистка, која на социјалните мрежи веќе ја нарекоа „Статуа на слободата на Судан” или „Кендака”, што значи „силна жена – револуционерка”.
Протестите против претседателот Омар ал Башир почнаа од декември 2018 година, а резултираа со државен удар, така што војската го присили автократскиот лидер да поднесе оставка по 30 години на власт.