Четири лица починаа од вирусот западнонилска треска во Србија, а 60 лица се заразени, соопштија од Институтот за јавно здравје на Србија.

Епидемиологот од овој Институт д-р Дарија Кисиќ Тепавчевиќ вели дека присуство на овој вирус досега е регистриран во 53 региони во Србија, но дека тоа не значи оти бројот на заразени се зголемува.

– Штом се регистрира вирусот, автоматски се дејствува и се спроведуваат соодветни мерки. На сите тие места каде што се спровеле одредени активности, потоа не е регистрирано присуство на овој вирус, вели Кисиќ- Тепавчевиќ.