Со новопотврдените четири случаи, бројот на заразени од новиот коронавирус во Албанија се зголеми на 42 лица.
– Во последните 24 часа непрекинато продолжи работата на терен. Тестирани се 27 сомнителни лица. Потврдени се четири нови случаи. Двајца од заразените се лекари кои контактирале со еден од заболените пациенти. Досега тестирани се вкупно 532 случаја, а 42 биле позитивни. Најголем број или 26 лица се од Тирана, изјави албанската заменик министерка за здравство Мира Ракацоли.
Според неа, тројца од пациентите се на интензивна нега, 66-годишен маж од Лушња, 61-годишна жена од Фиер и 50-годишен маж од Тирана. Останатите пациенти, додаде Ракацели, засега се во стабилна состојба.
– Сакам до граѓаните уште еднаш да упатам апел да ги почитуваат препораките и да седат дома, да не одат во посета на болни ниту во домашни услови ниту во болниците. Посебен апел до оние над 70-годишна возраст: Ве молам седете дома, порача Ракацоли.
На посебниот број 122, во последното деноноќие, регистрирани се 7.247 јавувања, од кои во врска со коронавирусот биле 4.468 од повците.