Од денеска Албанија влегува во нова фаза, со нови владини олеснувања за постепено отворање на деловни активности, што беа затворени како последица на пандемијата со коронавирусот.
На мапата од денеска се додадени 14 зелени зони,односно општини каде што повеќе денови нема новозаболени со Ковид-19 или на бројот на претходно заболени е минимален и се со лесна форма на болеста.
Во овие области има продолжување на временскиот опсег за движење од 5 до 21 часот, дозволено е и движење со приватно возило од една во друга зелена зона, но во возилото не треба да има повеќе од две лица од исто семејствово.
Од денеска се овозможува да ја вршат својата активност според строги безбедносни протоколи, стоматолошки амбуланти, фризери, бербери и продавници во трговски центри.
Од последните олеснувања на мерките изземени се шест општини или т.н. црвени зони Тирана, Драч, Фиер, Скадар,Курбин и Круја, каде се поставени полициски контролни пунктови во влезовите и не се дозволува движење од овие во зелените зони и обратно.
Останува во сила забраната за групирања на повеќе од пет лица, одржување спортски и културни активности, одвивање јавен сообраќај.
Според здравствените протоколи сите лица кои се вратиле од странство и се во државен карантин,од денеска заминуваат во домашна самоизолација.
Постои најава, доколку состојбата со корнавирусот остане стабилна од 18 мај да бидат отворени и границите.