Албанската Влада донесе одлука за зголемување на износот на минималната плата во земјата за 2.000 леки или околу 17 отсто. Со тоа зголемување наместо 24.000, минималната плата ќе биде 26.000 леки, односно околу 211 евра.
Одлуката, која стапува во сила на први јануари следната година, мора да ја почитува секое физичко и правно лице, без разлика дали станува збор за домашен или странски работодавец.
Платата следува за 174 часови работа месечно.
Последното зголемување на минималната плата во Албанија беше во мај минатата година.