Албанскиот министер за обнова, Арбен Ахметај, пред денешната донаторска конференција што попладнево почнува во Брисел, изјави дека се надева на конференцијата да бидат собрани околу 350 милиони евра.
-Високо ја цениме солидарноста на земјите членки на ЕУ, но очекува оваа солидарност да се материјализира. Од донаторската конференција очекуваме околу 350 милиони евра или 30 отсто од фактрата за што која изнесува 1,08 милијарди едвра. Во комбинација со грантови кои се од 70 до 80 милиони евра, како и поволни кредити ќе може да се соберат околу 450 милиони евра. Поради турнејата што ја направи премиерот со посета на повеќе земји, поради сензибилноста во европските земји очекуваме цифра прближно на оваа, изјавил Ахметај.
Тој е загрижен во врска со последиците од земјотресот во однос на економскиот раст.
-Загрижен сум за тоа како ќе и дадеме импулс на економијата овие години и како ќе се надминат штетите во инфраструктурата, рекол тој.
Ахметај, за „Клан“ телевизија синоќа изкажа загриженост дека ако не се собере предвидената сума од донаторската конференција „тогаш би се соочиле со сериозна финансиска тешкотија да се справиме со сите последици од земјотресот навреме како што посакуваме“.
Инаку, албанската Влада за надимнување на последиците од земјотресот преку издавање еврообврзница на меѓународниот пазар планира да се задолжи со 600 милиони евра а со буџетот за годинава за таа цел стави на располагање 150 милиони евра. Од донации собрани се околу 50 милиони евра.