Сопругата на веќе уапсениот градоначалник на Тирана Ерион Велиај, Ајола Ѕоѕа за 4 години на фустани и накит потрошила неверојатни 860 илјади евра, пишуваат албанските медиуми.
Во обвинението на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, (СПАК) стои дека сопругата на Велиај преку онлајн купувања на накит и фустани за само 4 години потрошила непријавени 860 илјади леки или неверојатни 860 илјади евра.
На барање на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, (СПАК) на градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај му е изречена безбедносна мерка затворски притвор, додека на неговата сопруга Ајола Ѕоѕа куќен притвор.
Специјалниот суд определи мерка редовно јавување во судот за пет бизнисмени кои добивале сомнителни тендери од Општина Тирана. Истрага е почната и против пратеничката К.Б. дела кои го спречуваат дознавањето на вистината, се наведува во соопштението на СПАК.
Со одлука на судот на сите лица опфатени во ова досие привремено им е конфискуван недвижен имот, вили, станови, а на сопругата на Велиај, Ѕоѕа и граѓанска организација преку која и биле префрлувани пари, блокирани се средства од околу 900.000 евра во две банки.
СПАК против Велиај водеше истраги поврзани со повеќе обвиненија, како злоупотреба на службената положба, активна корупција, пасивна корупција, непријавување имот и перење пари.
На 6 декември, по налог на Специјалниот суд беше извршен претрес во домот на Велиај, во неговите службени канцеларии, како и работните простории на неговата сопруга, на која и беше земен и мобилниот телефон.
Велиај на распит во СПАК беше неколкупати, а денеска во 13.30 по локално време во Специјалниот суд треба да се оддржи и првата седница.