Премиерот на Албанија, Еди Рама ќе престојува утре во еднодневна посета на Косово, на покана на неговиот косовски колега, Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина.
Рама ќе допатува во Косово од САД, каде што учествуваше на 76-то заседание на Генералното собрание на Организацијата на обединетите нации.
За време на престојот во Приштина, албанскиот премиер ќе биде придружуван од дел од неговиот владин кабинет, објавија косовските медиуми, повикувајќи се на извори во Владата на Курти.
Посетата на Рама следи по поканата што неодмана му ја упати Курти, кога му честиташе за неговиот трет избор за премиер на Албанија.