АЛДО КЛИМАН: „ВЕЛЕПРЕДАВСТВАТА НА ЗОРАН ЗАЕВ I-II“
„НЕ СИ ЈА ДАВАМЕ МАКЕДОНИЈА!“
(Додека Заев сееше Лудило, а ние жнеевме Пелин)
Наскоро во електронски формат излегува нова книга колумни од Алдо Климан „НЕ СИ ЈА ДАВАМЕ МАКЕДОНИЈА!“
со поднаслов „Додека Заев сееше Лудило, а ние жнеевме Пелин“.
Книгата, на околу 600 страници опфаќа преку 120 колумни,
апели, отворени писма и јавни реагирања, и околу 200 одбрани постови, објавени во периодот од јануари 2019 до јули 2022 година.
Заедно со претходната книга „Хроника на најавената смрт на името“, која го покрива периодот од февруари 2017 до јануари 2019, книгата „Не си ја даваме Македонија!“ претставува опсежна авторска целина од преку 1200 страници под наслов „ВЕЛЕПРЕДАВСТВАТА НА ЗОРАН ЗАЕВ I-II“, ангажирани новински текстови во борбата против заевизмот, тоа најголемо и најмрачно велепредавничко, антидржавно, антимакедонско и длабоко криминално, деструктивно зло, незапомнето во долгата историја на македонскиот народ и на Република Македонија.
Книгата мошне уверливо говори и за тешиот политички и морален пад и слом на современа Европа, која токму врз примерот и случајот на нејзиниот бесрамен агресивен однос кон македонскиот народ и кон Република Македонија јасно и недвосмислено покажа дека низ актуелната меѓународна стварност и кон иднината патува со сосема загубен цивилизациски и хуманистички компас.
Двотомното критичко дело
„ВЕЛЕПРЕДАВСТВАТА НА ЗОРАН ЗАЕВ I-II“
ќе биде објавено и во класична печатена форма.
Електронското издание на книгата
„НЕ СИ ЈА ДАВАМЕ МАКЕДОНИЈА!“
(Додека Заев сееше лудило, а ние жнеевме Пелин)
по објавувањето ќе биде слободно достапна за сите заинтересирани читатели во pdf формат, и ќе може да се повлече од повеќе меѓумрежни адреси, или директно да се чита online, за што читателите навремено ќе бидат известени.
Фотографијата на насловната страница од книгата, под наслов „Дарија Андовска и македонскиот полицаец“ , која стана култна и вирална во самиот момент на нејзиното појавување во текот на големите народни протести за слобода на Македонија, е дело на фотографот Сашо Дамовски. Голема благодарност за пресретливоста на нејзиниот автор и на Дарија Андовска, овековечена во еден неповторлив историски момент на најсилна македонска патриотска вдахновеност.