Александар Ивановски нема никаква поврзаност со спорниот документ за кој реагира италијанската амбасада во Македонија и никогаш не го видел истиот. Тој не знае од каде се појавил спорниот документ, ниту кој го изработил, вели во демантот испратен до медиумите, адвокатот Дарко Ал Блана, правен застапник на Ивановски.

Ал Блана дополнува дека никаков документ не му е потребен на Ивановски за да продаде свој недвижен имот. Тој во името на својот клиент испрати демант до медиумите кои се повикуваа и презедоа текст од порталот Нетпрес под наслов „СКАНДАЛ: Mакедонски бизнисмен-градежник со незаконски документ сакал да ја продава италијанската резиденција на Водно“.

Ова е демантот интегрално