„Почитувани граѓани, Србија денес е во војна со невидливиот и опасен противник, војна која нашата земја мора да ја добие. Тоа е борба за нашите родители, нашите повозрасни, но и за иднината на Србија. Нашите родители изградиле се што во оваа земја имаме, тие се нападнати и мораме да сториме се да им помогнеме.“
Со овие зборови, српскиот претседател Александар Вучиќ се обрати до граѓаните на Србија објавувајќи дека прогласил вонредна состојба на целата територија на земјата.