Со договорот со Грција не само што има обид да не укинат со меѓудржавен договор, но се оди и понатаму и не им дозволуваат на Македонците да користат симболи од одреден историски период. Тоа е недозволиво.
Ова го констатираше Игор Александров, од Сојузот на македонски здруженија од дијаспората, во гостувањето на Алфа телевизија.
Александров укажа и дека дијаспората не ја прифаќала ниту привремената референца, бидејќи и таа се коси со личната определба.
– Но, ова што се прави сега со договорот со Грција оди многу понатаму од времената референца. Ова е многу поекстремно, рече Александров.
Говорејќи за македонскиот јазик, Александров посочи дека тука немало никаков простор за дилема.
– Македонскиот јазик е признаен уште во 1977 година. Јазикот не е спопрен. Со тоа што сега се говори за македонскиот јазик надлежните се однесуваат како да бил оспорен, рече Александров.